Уапсен човекот што го гаѓаше Груевски со јајца во Тирана

Тирана.

Албанската полиција денеска го уапсила човекот што фрли јајца врз автомобилот на македонскиот премиер Никола Груевски, јавуваат албанските медиуми. Во веста што ја пренесоа речиси сите македонски медиуми се вели дека станува збор за Таулан Цапа, кој изјавил дека тоа го направил поради негирање на правата на Албанците во Македонија. Дел на медиумите во Тирана наведуваат дека Цапа е дебранец, односно дека потекнува од Македонија.

Албанските медиуми вчера јавија дека напаѓачите најверојатно се припадници на црвено-црната Алијанса, кои неодамна правеа провокации на македонското малцинство во Албанија.