Кралев - Законски мерки за навредливи натписи во дебарско училиште

Панче Кралев, министер за образование.

Министерството за образование ќе ги спроведе сите законски надлежности за во иднина да не се повторат случки и настани кои не помагаат во развојот на образованието, рече министерот Панче Кралев, одговарајќи на новинарски прашања што ќе преземе МОН за случаите со натписи со навредлива содржина во дебарско училиште и цртање на албанското знаме од страна на ученици.

„МОН од аспект на своите надлежности, односно Просветниот инспекторат врши контрола на терен во институциите, но исто така и преку укажување до директорите дека вакви настани или случки не помагаат во развојот на образованието. Од аспект на Министерството ќе бидат спроведени сите законски наделжности со цел тоа да не се случува во иднина“, изјави Кралев по посетата на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Според Кралев, доколку се утврди одговорност ќе има казни за директорите, што е задача на Просветниот инспекторат.