Бомбашки напад врз шиити во Пакистан

Најмалку седум луѓе се убиени, а околу 20 други се повредени во експлозија на бомба додека шиитски муслимани одржувале обред во северозападниот дел на Пакистан, соопшти тамошната полиција. Четири од загинатите се деца. Членовите на малцинската пакистанска шиитска заедница маршираа за одбележување на годишнината од смртта на имамот Хусеин во 680 година кој бил внук на пророкот Мухамед. Во обид да спречи напади врз шиитите од радикалните сунити кои се мнозинство, пакистанските власти во петокот ги исклучија мобилните телефонски услуги во многу градови. Мобилните телефони може да се користат за да се активираат експлозии.