Проштална средба на Иванов со грчката амбасадорка Пападопулу

амбасадорот Александра Пападопулу

Претседателот Ѓорге Иванов денеска имаше проштална средба со шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, амбасадорот Александра Пападопулу. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, изразил надеж дека Грција ќе ја поддржи европската интеграција на Македонија. Заеднички заклучок на средбата, како се додава во соопштението, било дека разликата околу името на ниту еден начин не треба да претставува пречка во соработката во сите сфери од заемен интерес.