Во Тирана средба Груевски, Бериша

Македонскиот премиер Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Тирана имаше средба со албанскиот премиер Сали Бериша. Потпишани се две билатерални спогодби: за меѓусебно признавање на возачките дозволи и за отворање на уште еден граничен премин меѓу двете земји, Требиште - Џепиште. На прес конференцијата Груевски и Бериша ја изнесоа заедничката оценка дека Македонија и Албанија преземаат активности за целосно интегрирање во ЕУ и оти разговарале за проширување на соработката во сите сфери. Тие ќе учествуваат на Економскиот Форум во Тирана со учество на бизнисмени од двете држави.