Кипар постигна договор со „тројката“ за финансиска помош

Кипар вчера постигна договор за добивање финансиска помош со претставниците на „тројката“ меѓународни кредитори од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, јавија кипарските медиуми.
Претходно, кипарскиот министер за финансии Васос Сиарлис изјави дека неговата земја има потреба од 17 милијарди евра помош од меѓународните доверители за спас на економијата.
Инаку, Кипар до 31 декември годинава е претседавач на ЕУ.