Грчкиот парламент ги крати трошоците

Зградата на грчкиот парламент

Грчкиот Парламент дополнително ќе ги намали трошоците, јавија грчките медиуми. Претседателот на грчкиот парламент Евангелос Мејмаракис соопшти дека парите за покривање на трошоците на пратениците ќе бидат намалени за 20 до 25 насто. Промената се однесува на транспортните трошоци, трошоците за канцелариска опрема, за поштенски и телефонски услуги и друго.
За 50 проценти ќе бидат намалени платите на пратениците за учество на седници на комисиите, за што отсега ќе добиваат 75 евра. За околу 35 проценти ќе бидат намалени и платите на соработниците на пратениците. Промени ќе има и за плаќањето на прекувремена работа.