Иванишвили нема да ја посети Русија

Новиот грузиски премиер Биѕина Иванишвили ја отфрли можноста да ја посети соседна Русија, но рече дека е можно да се сретне со руски официјални претставници во трета земја. Тој потврди дека неговата влада ќе се обиде да ја поврати контролата врз сепаратистичките грузиски територии Абхазија и Јужна Осетија, кои ја имаат поддршката од Москва.
Иванишвили изрази надеж дека повторно ќе биде воспоставен извозот на вино, минерална вода и на други грузиски производи во Русија.
Тој претходно изјавуваше дека има желба да ги подобри врските на Грузија со Русија, но и оти ќе го продолжи движењето на земјата кон Западот.