Верижен судар на 100 возила во Тексас

Две лица загинаа, а повеќе од 80 се повредени во верижниот судар во кој учествувале најмалку 100 возила на автопат во американската сојузна држава Тексас. Според официјални претставници, најверојатно причината за несреќата била густата магла. Повеќе од 50 луѓе се хоспитализирани, од кои 10-на се во критична состојба.
Засега не е јасно како почнал верижниот судар, но маглата била толку густа што полицајците во почетокот не знаеле дека всушност имало неколку судари.