Кипар бара 17 милијарди евра од „тројката“

Кипар има потреба од 17 милијарди евра помош од меѓународните кредитори за спас на економија, изјави денеска кипарскиот министер за финансии Васос Шиарли. Независната ревизија на кипарските банки се уште е во тек, а конечните
податоци се уште не се објавени. Американската рејтинг агенција „Фич“ вчера го намали кредитниот рејтинг на кипарскиот долг за два степени на „ББ-“, од „ББ+“, со негативна прогноза, што значи дека може да следи дополнително намалување.
Кипар во јуни побара од Европската унија помош за спас, но преговорите
почнаа дури кон средината на нoември.