Хаг издаде потерница против сопругата на Лаурент Гбагбо

Поранешниот претседател на Брегот Слонова Коска Лаурент Гбагбо.

Меѓународниот кривичен суд објави налог за апсење на Симон Гбагбо, сопругата на поранешниот претседател на Брегот Слонова Коска Лаурент Гбагбо. Потерницата по неа е распишана поради обвинение за злосторства против човештвото за време на минатогодишната криза во земјата. Во сооптението од судот е наведено дека за прв пат во 10 годишната историја на судот е обвинета жена.
Таа е обвинета за вмешаност во убиства, силувања и прогон за време на насилството предизвикано од одбивањето на поранешниот претседател да прифати го пораз по изборите во 2010година. При жестоките битки во тој период загинаа над 3 илјади луѓе. Лаурент Гбагбо е веќе во Хаг каде што очекува да стартува судскиот процес против него.