Кипар блиску до договор со „тројката“

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас денеска во Брисел изрази надеж дека преговорите, што неговата влада ги води за добивање на надворешна финансиска инјекција, се многу блиску до спогодба. Тој изјави дека очекува наскоро да се надминат разликите и оставените недоговорени прашања.