Примирјето меѓу Израел и Хамас се почитува

Договорот за примирје меѓу исламистички Хамас и Израел, денеска се почитува во Појасот Газа. По еднонеделни борби и ракетирања, синоќа во Каиро, египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Камел Амр и американскиот државен секретар Хилари Клинтон соопштија дека е постигнат договор за примирје. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека го прифатил американскиот совет и оти ќе му даде шанса на примирјето.