Стапи во сила примирјето меѓу Хамас и Израел

Примирјето меѓу Хамас во Појасот Газа и Израел стапи на сила и навидум се почитува. Примирјето го најавија Министерот за надворешни работи на Египет Мухамед Амр и американскиот државен секретар Хилари Клинтон во средата. Клинтон изјави дека станува збор за критичен момент за регионот. Претходно Израелскиот Премиер во разговор со американскиот претседател Барак Обама изјави дека е подготвен на примирје, додавајки дека ако тоа не успее, може да се очекуваат понасилни реакции.