Грција со летоци ги информира имигрантите како да се вратат дома

Со специјални летоци во Грција се информираат имигрантите како можат да се вратат во својата татковина. Проектот е на грчката полиција во соработка со Министерството за јавен ред и заштита на граѓаните, а насочен е кон граѓани од земји кои не се членки на ЕУ. Летокот е преведен на 13 јазици, меѓу кои албански, кинески, арапски, курдски, фарси, урду и дари. Испечатени се еден и пол милион примероци. Од летокот странците добиваат информација како можат безбедно да се вратат во својата татковина и тоа без да дадат пари.