Меркел скептична за утрешниот состанок во Брисел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази загриженоста за тоа дали лидерите од ЕУ на состанокот во Брисел ќе постигнат договор за седумгодишниот предлог буџет на ЕУ. Таа во германскиот парламент изјави дека доколку 27-те земји членки не постигнат договор утре или задутре, тогаш ќе мора да се состанат за таа тема повторно следната година. Предлог буџетот се однесува за период од 2014 до 2020 година.