Експлозија на автобус во Тел Авив

Во денешната експлозија на автобус на јавниот превоз во Тел Авив имало десетина ранети, од кои тројца потешко, соопшти израелското министерство за вонредни ситуации. Засега не е позната причината за експлозијата, но, според полицијата, станувало збор за терористички напад.