ЧЕЗ бара отштета за работата во Албанија

Тирана

Чешкиот електроенергетски гигант побара од Светската банка отштета во вредност од 60 милиони евра поради проблеми со работењето во Албанија каде што ЧЕЗ има 76 насто од акциите на албанскиот дистрибутор на електрична енергија. Компанијата образложува дека албанските власти го загрозиле нејзиното дејствување кога и наредиле да ја обнови испораката на струја на најголемите потрошувачи иако ги немаат платено сметките. Се прецизира дека само албанскиот Водовод на ЧЕЗ му должи околу 38 милиони евра.