Обесен единствениот преживеан напаѓач на Мумбаи

Аџмал Касаб.

Во Индија рано утрово беше обесен единствениот преживеан милитант виновен за нападите во Мумбаи во 2008-та. Индиската влада соопшти дека Аџмал Касаб е обесен недалеку од Мумбаи. Во август, индискиот Врховен суд ја потврди смртната казна за Касаб, за нападите врз низа на цели во Мумбаи во кои загинаа 166 луѓе. Касаб е државјанин на Пакистан кој припаѓал на милитантната група Лашкар-е-Тоиба. Десет милитанти беа вклучени во тридневна опсада на Мумбаи. Индиските безбедносни сили тогаш ги убија останатите девет милитанти.