Експлозија во дипломатската област во Кабул

Архивска фотографија-војници на НАТО пред американската амбасада во Кабул.

Alpha
Бомбаш-самоубиец се разнел во авганистанскиот главен град Кабул, во близина на дипломатската област, јавуваат западните агенции. Полицијата соопшти дека најмалку едно лице загинало во нападот, а двајца авганистански војници биле повредени. Ројтерс јавува дека Талибанците ја презеле одговорноста за нападот. Во областа каде што се случил нападот се сместени меѓународни организации, а живеат и високи авганистански официјални лица.