Егзекутирани 8 затвореници во Авганистан

Во Авганситан денеска се екзекутирани осум затвореници кои беа осудени на смрт поради обвиненија за убиства и силување. Властите соопштија дека затворениците биле екзекутирани откако спроведувањето на судската одлука го одобрил претседателот Хамид Карзаи. Според новинските агенции Карзаи потпишал одобрение за спроведување на смртна казна за 16 осуденици.