Измени на изборното законодавство во Иран

Иранските пратеници денеска започнаа дискусија во Парламентот за реформи во изборното законодавство. Мерките кои ги разгледуваат 290 пратеници се во пресрет на претседателските избори кои треба да се оддржат следната година. Една од промените е кандидатите за претседател треба да бидат на возраст од 45 до 75 години и мора да имаат диплома од исламска висока образовна институција. Понатаму промени се очекуваат и во делот на кандидатурата која треба да биде поддржана 25 религиски експерти и потпишана писмена согласност од 100 членови на Парламентот. На следните избори кои се закажани за 14 јуни 2013 година не може да се кандидира досегашниот претседател Махмуд Ахмадинеџад кој сега го отслужува вториот мандат.