Груевски ги негира тврдењата на СДСМ за креирање тензии

Премиерот Никола Груевски денеска од собраниската говорница изјави дека владата ќе преземе се што е потребно за да се заштитат државните интереси и дека не е точно оти владината коалиција креира намерно тензии. Тој одговарајќи на пратеничкото прашање на потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев „ дали премиeрот заедно со лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно ќе испратат порака за помирување на граѓаните?“ истакна дека коалиционите партнери постојано разговараат и бараат начини да ги надминат проблемите врзани меѓуетничките недоразбирања.
Георгиев изјави дека 30 метарското знаме во кичевско и споменикот на Адем Јашари на тенк во Радуша е уште една политичка исценирана провокација. Груевски изјави дека СДСМ во минатото најверојатно правеле меѓуетнички тензии како дел од сценарио, па оттаму доаѓа и претпоставката дека и оваа влада го прави истото.