Амнести Интернешнл:Ембарго за оружје за Газа и Израел

Амнести Интернешнл денеска побара итно да се постави ембарго за оружје кое ќе се однесува на Израел и палестинските групи во Газа со цел да се помогне во напорите да се ублажи конфликтот. Организацијата соопшти дека и двете страни ги прекршиле меѓународните закони и човекови права.
Во продолжение на соопштението е наведено дека Советот за безбедност на ОН мора да се состане и да донесе одлука за ембарго на оружје за Изаел, Хамас и палестинските групи во Газа.