Груби: Знамето е декоративно

Знамето поставено во кичевско е декоративно и е поставено по повод 100 – годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме, тоа е во согласност со законот за национални симболи и не навредува ниту една етничка заедница.
Ова денеска го изјави Артан Груби од ДУИ на средбата со градоначалниците на општините Чаир, Сарај, Арачиново и Студеничани, кои заедно со невладината организација „Разбуди се“ започнаа делење албански знамиња на граѓаните. Груби ги повика сите граѓани вклучувајќи и ги и граѓаните најголемата заедница македонската, да се приклучат на прославата на најзначајниот празник за Албанците, денот на знамето и независноста.
СДСМ поставувањето на албанските знамиња во Зајас го оцени како сериозен скандал и политичка провокација. Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев изјави дека со таквите потези е очигледно дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ посакуваат тензии и нестабилност, бидејќи само во такви услови најдобро ја маскирале како што вели, неспособноста да ја водат државата.
Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека не е информиран за настанот и дека нема да коментира но дека треба да се провери дали постапката е во согласност со Рамковниот договор. Претседателот на опозициската партија„ Достоинство “ Стојанче Ангелов изјави дека со ова ДУИ ги поставува темелите на федерализација на државата.