Реакции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Орав и знамињата

Опозициската СДСМ денеска ги оцени како политичка провокација и сериозен скандал поставувањето на 30 метарски јарболи во кичевските села од страна на ДУИ и изјавата на лидерот на таа партија Али Ахмети дека никој не смее да ги симне.

Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев упати критики и до официјална македонска дипломатија, која што смета дека останала целосно немоќна во услови кога за два дена се случија две сериозни дипломатски навреди на Македонија и на македонскиот народ од странски амбасадори акредитирани во земјава како албанскиот амбасадор кој присуствувше во Кичево и на евроамбасадорот Аиво Орав кој во својот говор во Европскиот Парламент, го употреби терминот „славомакедонци“, зборувајќи за македонскиот народ.

На ова реагираше и владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ која изјави дека тврдења Георгиев за односот на македонската дипломатија кон постапките на двајцата амбасадори се целосно неточни. Во продолжение е наведено Владата излезе со
официјален став со кој искажа протест и осуда во однос на таквите изјави а претседателот Ѓорге Иванов го повика евроамбасадорот
Аиво Орав на итни консултации.