Ердоган со критика до ОН

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини Обединетите Нации за, како што вели, „неправедниот однос кон муслиманите “ и повика на искрено дејствување со кое ќе се издејствува прекин на огнот во Газа. Ердоган во својот говор на евроазискиот исламски совет во Истанбул изјави дека нема доверба во ОН.
Тој смета дека самата структура на Обединетите нации е создадена во услови на војна и дека нејзиното функционирање оттогаш па наваму е неправедно, затоа што затвара очи пред патењето на муслиманите ширум светот.
Ердоган во октомври побара реформи во Советот за безбедност поради блокирањето на резолуцијата за Сирија од страна на Кина и Русија.