Египет: Преговорите меѓу Израелците и Палестинците се во тек

Египетскиот премиер Хишам Кандил изјави дека преговорите за примирје меѓу Израелците и Палестинците се во тек и дека договорот за прекин на огнот е близу. Тој во интервју за новинската агенција Ројтерс во Каиро изјави дека очекува наскоро да се постигне примирје, но додаде дека поради природата на преговорите е тешко да се предвиди исходот.