Турција бара од НАТО дозвола за одбранбени мерки

Германскиот министер за одбрана Томас де Мезиер изјави денеска дека очекува Турција да побара од НАТО дозвола за поставување на ракетниот систем „Патриот“ покрај границата со Сирија. Ова го изјави пред почетокот на состанокот на министерите за наворешни работи и одбрана на ЕУ во Брисел. Претходно генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави се уште не е пристигнато официјално барање од Турција, но ќе биде разгледано како мерка за итност. Тој додаде дека натамошниот развој на настаните по тоа прашање ќе биде исклучиво „одбранбен.“ Минатиот месец сирискиот кофликт се прелеа надвор од границите со гранати кои слетаа на турска територија при што загинаа неколку цивили.