Карзаи ги критикува американците за авганистанскиte затвореници

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека американските сили продолжуваат со апсења на авганистанци со што го кршат договорот потпишан меѓу двете земји. Карзаи истакна дека сеуште се во притвор некои авганистанци за кои авганистанските судови донеле ослободителна пресуда. Двете земји потпишаа договор за трансфер на сите затвореници, па според тој договор официјален Кабул бара да ја превземе контролата и врз затворот во Баграм каде што има околу 3 илјади затвореници. Но, Вашингтон смета дека авганситанските безбедносни сили сеуште не се подготвени за таква одговорност.