Обама се состана со Аунг Су Ки

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Мјанмар се сретна со опозиционата лидерка Аунг Су Ки во нејзиниот дом во Рангун. Обама оцени дека Су Ки е икона на демократијата, додавајки дека е многу важно во Мјанмар да продолжи процесот на демократизација. Американски претставници истакнуваат дека посетата на Обама на Мјанмар, прва на еден американски претседател, е знак на подршка на реформите во таа земја. Обама се состана и со претседателот на Мјанмар Теин Сеин, а е предвидено и да има обраќање во универзитетот во Рангун.