Вселенската капсула се спушти во Казахстан


Вселенската капсула, со тројца астронаути од Меѓународната вселенска станица, еден русин, еден американец и еден јапонец, се спушти денеска во степите во Казахстан, на околу 35 километри од планираното место. Астронаутите поминаа 126 дена во Меѓународната вселенска станица.