Франција ќе посредува за примирје на Блискиот исток

Франција е подготвена да посредува во постигнувањето итен прекин на огнот на блискиот исток, соопшти министерството за надворешни работи. Соопштението доаѓа по изненадната посета на францускиот шеф на дипломатијата Лорент Фабиус во Ерусалим, Тел Авив и Рамала. Фабиус апелираше до сите страни во конфликтот да го прекинат насилството што е можно побрзо. Тој најави подготвеност на својата земја да учествува во примирјето меѓу завојуваните страни.