Мјанмар амнестира затвореници во пресрет на посетата на Обама

Лидерот на Мјанмар Теин Сеин денеска нареди да се амнестираат затвореници во пресрет на утрешната посета на американскиот претседател Барак Обама. Државната телевизија соопшти дека претседателот наредил да бидат ослободени 66 затвореници, но не беше соопштено дали меѓу нив има и политички затвореници.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека наредбата била потпишана во петокот а во целост ќе се спроведе в понеделник.
Вашингтон до сега честопати го повикуваше Мјанмар да ги ослободи политичките затвореници кои беа притворени за време на воената хунта.