Обама: Посетата на Мјанмар е поддршка за демократските реформи

Мјанмар

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека неговата посета на Мјанмар не треба да се сфати како поддршка за владата туку како потврда за демократскиот прогрес што е постигнат откако оваа земја мина децении под воена власт. Тој во Тајланд изјави дека наполно разбира дека станува збор за процес кој што трае, но додаде дека тој не е некој што мисли дека САД треба да стои на страна и да не ги извалка рацете кога има шанса да охрабри и да извлече подобри резултати од земјата.
Обама денеска ја стартуваше неговата прва турнеја по изборите во САД. Тој во Бангкок денеска се сретна со тајландските власти со цел унапредување на односите. В понеделник заминува за Мјанмар или познат како Бурма,а потоа за Камбоџа каде во вторник ќе присуствува на Самитот на Источна Азија.