Експлозија на бомба во Пакистан

Најмалку двајца пакистански војници загинаа, а 5-мина се ранети при експлозија на бомба поставена на пат низ кој минува воен конвој. Бомбата била поставена на автопатот од Мир Али кој води кон Мираншаш во Северен Вазириста. Тоа е една од пограничните области со Авганистан кои се познати по активностите на Талибанците и припадниците на Ал Каеда.