Израел подготвен за проширување на воената акција

Израелски премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел е подготвен значително да ја прошири операцијата против милитантите во Појасот Газа.
Ваквите негови коментари следуваат откако Израел започна со бомбардирање врз крајбрежната територија од море и воздух веќе петти ден по ред. При нападите оштетени се две медиумски куќи и неколку новинари се ранети.
Израелската војска соопшти дека три ракети биле испукани од Газа и ја погодиле израелската територија. Израелската полиција соопшти дека пресретнале две ракети кои биле упатени кон главниот град. Палестинските власти соопштија дека најмалку 50 луѓе загинаа откако Израел стартуваше со напади.