Во Словенија протести против владините мерки за штедење

Во Љубљана завршија демонстрациите против владините мерки за штедење на кои учествуваа околу 30 000 луѓе. Демонстрантите сметаат дека владините реформи влијаат на опаѓање на стандардот на населението и дека кризата не ја предизвикаа работниците, пенизонерите и малдите, поради што од политичарите бараат да не ја рушат социјалната држава и да не ги делат и раздвојуваат луѓето. Главниот говорник на денешниот протест, шпретседателот на синдикатот на јавни службеници, Бранимир Штруќељ се закани со одржување генерален штрајк. Претседателот на Сојузот на слободни синдикати Душан Семолич оценува дека кризата не ја предизвикале стипендиите и платите, туку алчниот капитал.