Романија не го прифаќа предложеното намалување на буџетот на ЕУ

Виктор Понта

Романскиот премиер Виктор Понта изјави дека предлогот на претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј за намалување на долгорочниот буџет на ЕУ за 75 милијарди евра „не е прифатлив“. Понта изјави дека предлогот на Ромпуј „за Романија е многу неповолен, тоа е далеку од предлогот на Европската комисија и поради тоа е неприфатлив“.
-Кога е нешто неприфатливо, имаме право да гласаме против тоа, согласно важечките договори во ЕУ, изјави Понта.