Израелски авиони го нападнаа седиштето на Хамас

Израелски воени авиони ги бомбардираа канцеларијата на премиерот Исмаил Ханија и полициската станица откако ескалира судирите меѓу Хамас и Израел. Претставник на Хамас изјави дека канцелариите на Ханија се "целосно уништени" во воздушниот напад. Медицински лица во Газа соопштија дека најмалку три лица се убиени во текот на синоќешните напади на Израел.
Израелскиот кабинет повика 75.000 припадници на резервните вооружени сили како поддршка на распоредените војници на границата со Газа за она што многумина очекуваат да биде копнена операција. Ситуацијата се влоши откако вчера Хамас истрела проектил во Ерусалим. Хамас, исто така пушти неколку ракети во градот Тел Авив. Израелски воени авиони денеска беа насочени кон сомнителни тунели за шверц и станици за електрична енергија.