Обама на турнеја во Азија

Американскиот претседател Барак Обама денеска тргнува на четиридневна турнеја во југоисточна Азија во рамките на која ќе ги посети Тајланд, Мјанмар и Камбоџа.
Ова е негово прво патување во странство од јуни и четврта посета во Азија која ја истакна како нов фокус ана американската надворешна политика. Обама е првиот американски претседател кој ќе ja посети Мјанмар кој со децении е изолирана земја поради недемократкото владеење.
Исто така американскиот претседател ќе учествува на Самитот на источна Азија во Камбоџа каде ќе настојува да го обезбеди американското место како водечки играч во регионот кој долго време беше под кинеско влијание.
Белата куќа оваа турнеја ја опишува како историска првенствено поради унапредувањето на односите со Мјанмар, но и поради широкото стратешко значење за американскиот фокус на Азија.