Готовина и Маркач - херои во Загреб. Белград огорчен

Анте Готовина и Младен Маркач се вратија вечерва во Загреб

Хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач се вратија вечерва во Загреб каде беа дочекани како херои.
Апелацијата на Хашкиот Трибунал имено ги отфрли заклучоците од расправата на Судскиот совет, според кои, Готовина и Маркач учествувале во злосторнички акции, како и обвиненија за прекумерно гранатирање на Книн, Грачац, Обровац и Бенковац. Готовина во првостепената постапка од 15 април 2011 година е осуден на 24 години затвор, Маркач на 18 години.
Српската влада, пак во меѓувреме во знак на протест соработката со Хашкиот трибунал ја сведе на техничко ниво.