СДСМ v ВМРО ДПМНЕ за партиски вработувања пред избори

СДСМ денеска обвини дека во јавните претпријатија во Скопје се вршат партиски вработувања и побара да се разрешат директорите на тие јавни претпријатија и да се поништат овие вработувања.
Според СДСМ, на само четири месеци пред изборите се појавиле списоци на луѓе кои по партиски налог се вработуваат во скопските јавни претпријатија.
„Дополнително, самите луѓе признаваат дека работните места им ги обезбедуваат штабовите на партиите на власт“, изјави портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ, додавајќи дека овој случај е уште еден од активностите со кои власта се обидува да манипулира со гласачите.
Според него, новите партиски вработувања во Скопје е еден од низата примери зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги прифати забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и Европската комисија и да ги вметне во изборното законодавство.
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на СДСМ оценува дека таа е уште една од серијата алиби со кои лидерот на партијата Бранко Црвенковски ќе го правда изборниот пораз на следните избори.