Додик: Инцко е лажго а неговите луѓе се монструми

Претседателот на Република Српска Милорад Додик

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави денеска дека високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валетин Инцко за БиХ е неприфатлив.
„Тој е лажго, кој ја направи институционалната криза во БиХ, а потоа со манипулации и замена на тези во својот извештај до Советот за безбедност на Обединетите нации Република Српска ја обвини за уривање на Дејтон“, рече Додик.
Претседателот на РС истакна дека високиот претставник истовремено е најголем кршител на одредбите на Дејтонскиот мировен договор и оти тие кршења се извршени на „криминален и незаконски начин“, со излегување од рамки на Анексот 10 на Мировниот договор за БиХ.
Персоналот на Канцеларијата на високиот претставник Додик ги нарече „монструми, чија единствена цел е политичка манипулација на штета на РС“.