Авганистан - 17 загинати од нагазна бомба

Фарах

Од експлозија на бомба поставена на патот во областа Фарах во Авганистан загинале најмалку 17 луѓе, претежно жени и деца. На бомбата налета минибус со свадбени сватови.
Провинцискиот Гувернер Абдул Рахман Завандаи за Радио Слободна Европа додаде и дека при тоа 9 лица биле повредени.