Филе ја поздрави декриминализацијата клеветата во Македонија

Еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе денеска го поздрави отстранувањето на навредата и клеветата од Кривичниот законик во Република Македонија.
Според Филе, посочи дека донесувањето на Закон за граѓанска одговорност за навредата и клеветата и нивната декриминализација е значаен чекор во контекст на слободата на изразување и медиумите.
Еврокомесарот за проширување на Унијата, потенцира и дека Комисијата ќе ја следи внимателно имплементацијата на новите одредби од страна на националните судови. Филе ги охрабрува властите во Македонија да го продолжат дијалогот со новинарите во рамки на Работната група за медиуми, со цел за решавање и на други прашања што се однесуваат на слободата на изразување и медиумите.