БП ќе плати 4,5 милијарди долари за еко-катастрофата од 2010-та

Најголемата еколошка катастрофа во историјата на САД вчера доби решение, откако британскиот нафтен гигант Бритиш петролеум соопшти дека, врз основа на спогодбата со американските власти, ќе плати отштета од 4,5 милијарди долари за инцидентот со излевање на нафта во Мексиканскиот залив во 2010 година. Нафтениот гигант се согласил да ја прифати вината за загинувањето на 11 работници во експлозијата на нафтената платформа Дипвотер хорајзн, по што во заливот се излеаја 172 милиона галони сурова нафта. Истекувањето на нафтата не можеше да биде запрено три месеци.
Спогодбата меѓу американската влада и Бритиш петролеум треба да биде одобрена и од федерален судија.