Панета барал тренинг за етичко однесување

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета издал наредба според која американските воени команданти треба да спроведат тренинг за етичко однесување меѓу офицерите. Во писмото што му го испратил Панета на генералот Мартин Демпси е наведено дека неодамнешните слуачаи на недолично однесување има потенцијал да ја еродира довербата на јавноста во раководството и во системот.“
Во писмото не е наведено ништо околу скандалот со Дејвид Петреус. Портпаролот на Панета, Џорџ Литл изјави дека писмото кое е објавено е производ на интерни дискусии во министертсвото за одбрана пред да биде објавена оставката на Петреус од директорското место во ЦИА поради вонбрачна афера.