Путин смени уште двајца заменици министри за одбрана

Рускиот премиер Владимир Путин

Рускиот премиер Владимир Путин денеска разреши уште двајца заменици министри за одбрана. До ова дојде откако тој пред една недела го разреши министерот Анатолиј Сердјук поради негова вмешаност во корупциски скандал со продажба на воен имот. На местото на Сердјук беше наименуван Сергеј Шојгу.