Бурма ослободува затвореници пред посетата на Обама

Бурма соопшти дека ќе ослободи над 450 затвореници како гест на добра волја пред посетата на американскиот претседател Барак Обама на таа земја која почнува на 17 овој месец. Државните медиуми на Бурма, која исто така е позната и како Мјанмар прецизираат дека меѓу ослободените ќе имало и дисденти. Посетата на Обама е со цел да го охрабри раководството на таа земја за натамошни промени по неколкуте децении воена власт. Обама треба да се сретне и со нобеловката за мир Аунг Сунг Су Ки која по 15 години домашен притвор успеа да влезе во парламентот.